ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ бара изговори за да ја покрие слабата поддршка

by Фокус

-Како се ближи април СДСМ сè повеќе ќе бара изговори и ќе заговара решенија со кои ќе сака да ја покрие слабата поддршка од граѓаните. Ова сценарио е веќе видено и осудено на пораз со кој очигледно одамна се помирени во СДСМ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Заев дека власта намерно ги одолговлекува преговорите.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат и на ветувањата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, дека ќе обезбеди приход од по 850 евра за секое семејство.

-Откако СДСМ доживеа фијаско со лагата за по еден вработен од секое семејство, стратезите на оваа партија сакаат упорно да покажат дека не учат од сопствените грешки и влегуваат од лага во лага, овој пат за по 850 евра приход за секое семејство. Ниту Заев и СДСМ ќе обезбедат средства, ниту пак СДСМ може воопшто да креира средна класа. Денеска во Штип Заев ја повторува лагата за средна класа со по 850 евра месечно за секое семејство, стои во реакцијата на владејачката партија.

 

Поврзани новости