Со академијата ќе се загрозат местата на веќе вработените наставници?

by Фокус

Со новиот предлог-закон за образование, се предвидува сите наставници да се лиценцираат со завршување на едногодишната академија за наставници, а потоа државата да им гарантира вработување. Додека не се вработат, ќе земаат 80 отсто од платата. На оваа академија ќе можат да се запишат лица кои имаат завршено било каков факултет, а не само оние со педагошки и наставнички насоки.

И оние наставници што веќе се во работен однос ќе треба да ја добијат оваа лиценца. Пратеничката Солза Грчева смета дека овој закон е катастрофален, бидејќи не е дефинирано дали оние наставници што се веќе вработени ќе ги задржат своите работни места.

-Ќе се распише на пример квота за Гевгелија дека се потребни 20 наставници. Во таа квота нема да имаат предност оние што се во работен однос. Се прашувам дали тие ќе останат на улица ако останат вон квотата, вели Грчева за Телма.

 

Поврзани новости