ВМРО-ДПМНЕ: СДС лицемерно осудува веење на знаме со голема Албанија

by fokus

СДС лицемерно под притисок на јавноста осудува веење на знаме со голема Албанија, а со своите постапки ваквите појави ги охрабрува, реагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ откако СДСМ го осуди инцидентот кога знаме на голема Албанија со дрон прелета во Чаир за време на фудбалски натпревар.

-Прифаќањето на тиранскаа платформа е причина за подгревање на меѓуетничките тензии. Директна последица на тоа е и вчерашниот инцидент на фудбалскиот натпревар во Чаир. Поданичкото и сервилно однасување на Зоран Заев придонесе до разгорување на меѓуетничките проблеми. Антидржавничкото однесување е последица на бегањето од одговорност на водството на СДС од направениот криминал, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости