ВМРО-ДПМНЕ сака избори со митинзи: Фејсбук кампања не е кампања

by fokus

Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на ТВ 24 истакна дека неговата партија сака избори со нормална кампања која подразбира и митинзи и теренски активности.

-Ние нема да одиме на Фејсбук избори. Фејсбук кампања не е кампања. Земјоделците и тутунарите нема од Фејбсук да се информираат што ние ќе направиме за нив. Треба да отидеме кај нив, да им ја стегнеме раката и да им објасниме што ќе направиме. Ние сакаме избори со нормална кампања. Мора да имаме избори во кои ќе можеме да се презентираме на граѓаните. Сите теренски активности и митинзи. Ние сме опозицијата, немаме друг начин да се претставиме. Ние немаме илјадници евра да пуштиме спонзорирања на Фејсбук. Ние немаме пари за да правиме скапи кампањи, вели Николовски.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ бара изборите да се одржат во август, па се поставува прашањето како тогаш би имало нормална кампања со митинзи, кога се очекува и тогаш да има опасност од корона вирусот.

Поврзани новости