Во Куманово денеска нема заразени, но Тетово е ново можно жариште

by Fokus

Во Куманово кое преставуваше жариште на корона вирусот полека почнува да стивнува пандемијата, односно денес нема ниту еден новозаразен, а 10 се излекувале, покажува дневниот извештај на министерството за здравство.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, од вкупно 416 заразени во вториот најголем град по жители, само 21 се уште активни случаи.

Дури, Владата на денешната седница го прифати предлогот за нормализирање на јавниот градски и меѓуградскиот јавен превоз од и кон Општина Куманово, што е позитивен сигнал во однос на случувањата со Ковид 19.

Од друга страна пак, Тетово можно е да биде новотото жариште на корона вирусот. Тоа на денешната прес-конференција го потврди и министерот за здравство Венко Филипче.

„Последната голема изолирана бројка беше од скопската општина Чаир – дваесетина луѓе во врска со семеен настан, меѓутоа тука се веќе сите кои беа во самоизолација покажаа симптоми, дијагностицирани. Следно место во кое имаме таков одреден ризик е Тетово и околината на Тетово и тоа е нешто што го имавме во предвид и го дискутиравме утрово на состанокот, а утре ќе оди на дополнителен увид и специјалист од областа на инфективната медицина. Но, нема нешто што е ризик којшто е непредвидлив засега, имајќи предвид дека и во Тетово голем дел од новозаболените беа од познати заболени. Значи се е во рамките на тие веќе познати кластери, близок контакт внатре во еден кластер или меѓу познати кластери“, изјави Филипче.

Во Тетово досега се заразени 150 граѓани, од кои активни се 66. Меѓутоа, како и со Куманово и од таму имаше доста смртни случаи.

Во земјава досега од Ковид 19 починаа 106 граѓани.

Ирена Мулачка

Поврзани новости