ВМРО-ДПМНЕ реагира на повикот за смена на Зврлевски

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ реагираше денес на повикот на новиот премиер, Зоран Заев, до јавниот обвинител Марко Зврлевски сам да си ја напушти функцијата бидејќи  се подготвува одлука за негова смена.

Според реакцијата, додека граѓаните чекаат субвенции, поголеми плати, просечна плата од 30.000 денари, СДСМ  смислува „црни сценарија за ВМРО-ДПМНЕ, се со цел народот да заборави на лажните ветувања со кои се расфрлаше во изминатиов период“.Според оваа партија налудничаво е СДСМ, што ја именуваат како СДС, да говори за судскиот систем, но сосема очекувано е да бега од исполнување на економските ветувања.

„Затоа, првата изјава на Зоран Заев  не е за зголемување на пензиите или на просечната плата до 30.000 денари. Првата изјава е за смена на јавниот обвинител кој го гони, затоа што барал поткуп од едно евро за Вице“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости