683
Успешно е направена првата операција за промена на пол во историјата на Македонија. Тимот врвни доктори, предводени од професор д-р Мирослав Ѓорѓевиќ, ја направи првата интервенција за промена на пол кај 33-годишен маж.
Тимот е составен од врвни уролози по генитално реконструктивна хирургија. Операцијата беше извршена во Клиничката болница „Аџи Бадем Систина“, а на лицето во текот на неколкучасовната операција му беа отстранети машките гениталии и беа формирани сите женски органи.
Фото: Макфакс