„Правосудството е под јаремот на СДСМ. Судовите надвор од правната логика ги одложуваат рочиштата на Заев и за повеќе од еден месец, додека експресно процесуираат предмети против луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од партијата.
– Десетици учесници во настаните од 27-ми април, уметници и пратеници неосновано се ставени во притвор. Додека премиерот е целосно недопирлив за правосудните органи. Притисокот не запира кај органите за прогон и пресудување, туку продолжува и во установите за притвор. Притворените се изложени на нехуман однос, престојуваат во ќелии со температури под нулата, полни со мувла и со неисправни прозорци во сред декември – се наведува во партиското соопштение.
Според нив, прогонот кој се врши е невиден за демократска Европа.
– Човековите права гаранитрани со Европската конвенција за човековите права се кршат на секој чекор. СДСМ ги зароби институциите. На удар е секој еден граѓанин. Овој прогон мора да запре. Македонија мора да стане демократска држава, со цврсто загарантиран принцип на владеење на правото“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.