Граѓаните на Република Македонија излегоа масовно и му порачаа на Зоран Заев и СДСМ дека се против распродажбата на државните и националните интереси, стои во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму велат дека граѓаните порачале дека е време да се стави крај на како што велат, лажни ветувања, злоупотреба на институциите и уништување на државата.
„Граѓаните на Република Македонија упатија порака до власта дека не смее повеќе државата да тоне, еконимијата да стагнира, а институциите да бидат заробени од картелот. Тие кажаа дека не сакаат повеќе да ги води неспособна и безидејна власт која спасот го бара во продажбата на државните интереси“, велат од партијата.
Центата на богатењето на Заев велат од ВРМО-ДПМНЕ, ја плаќаат граѓаните.
„Нема 500 евра плата, нема 100.000 денари плата за лекарите, нема поврат на 15% ДДВ, нема социјална помош од 12.000 денари, бесплатно болничко лекување, и нема 600 километри нов автопат и 550 километри магистрални патишта. Граѓаните се уверија дека се што вети СДСМ е голема лага. Единствено покачување кое го спореведе оваа власт, а не го вети пред граѓаните е зголемување на акцизата на дизелот и затоа количината на дизел која граѓаните можеле да ја купат со една просечна плата пред една година е за 120 литри помала денес“, соопшутваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициската партија додаваат дека граѓаните и Република Македонија заслужуваат просперитетна иднина, квалитетен живот и сигурна и безбедна иднина за нив и за нивните деца.
„Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори заедно со претседателските, техничка влада 100 дена пред избори и претседател на ДИК по предлог на опозицијата. Само така ќе се креираат еднакви услови за фер избори. Државата повеќе не смее да биде заложник на Заев и СДСМ. Граѓаните заеднички, сложно и обединето ќе го победат овој криминален картел на власт и ќе триумфираат над неправдата, над темнината, понижувањата и ќе стават крај на ова неславно владеење. Република Македонија заслужува подобро, граѓаните заслужуваат подобро“, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ.