ВИДЕО Ерупција на вулканот Фуего во Гватемала, најмалку 25 загинати

by fokus

Најмалку 25 лица се загинат и околу 300 повредени при ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала, соопшти цивилната заштита.

Фуего, кој е еден од најактивните вулкани вчера исфрлил стопени карпи, црн чад и пепел по што бил затворен аеродромот „Аурора“ во главниот град Гватемала и биле евакуирани дел од жителите на градот. Неколку часа подоцна, вулканот почнал да исфрла лава со температура до 700 степени целзиусови, соопшти директорот на гватемалскиот институт за сеизмологија и вулканологија.

Активниот вулкан е на 25 километри југозападно од главниот град Гватемала и висок е 3.763 метри. Од околината на вулканот евакуирани се повеќе од 3 000 лица.

Поврзани новости