Новоизбраните мнистри денеска ја преземаат функцијата од нивните претходници

by fokus

Четворицата новоизбрани министри кои во петокот добија поддршка од Собранието денеска ќе ги преземат должностите во соодветните ресори.

Арбр Адеми напладне ќе ја преземе должноста министер за образование и наука од Рената Тренеска Дескоска, која е избрана за министер за правда. Министерското место во правда беше испразнето по оставката на Билен Саљији.

Во Министерството за култура Роберт Алаѓозовски ќе му ја предаде фунцијата на Асаф Адеми.

За министер без ресор во петок беше избран и Бардул Даути.

Во Собранието исто така беа избрани и четворица заменици-министри.

Поврзани новости