ВМРО-ДПМНЕ: Преговорите се прекинати бидејќи СДСМ сака цензура во медиумите

by fokus

Преговорите се прекинати единствено поради една работа: несогласувањето на СДСМ во делот на медиумите да се гарантира дека нема да се воведува цензура, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по неуспешните преговори за Договорот од Пржино.

-ВМРО-ДПМНЕ денеска предложи експлицитно да се поддржи ставот дека ниту новинар, ниту медиум нема да може да биде казнет за искажан став или мислење. Став кој е основен постулат и основен принцип во кодексот на новинарите каде слободата на медиумите е неприкосновено право. Во 21 век во Европа СДСМ е единствената политичка партија која се противи на овие принципи, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија велат дека крајната намера на СДСМ била воведување на цензорска контрола врз медиумите.

Поврзани новости