Куќен притвор за Владимир Талески

by fokus 17:45
17:45

Кривичниот суд му одреди куќен притвор од 30 дена на битолскиот градоначалник Владимир Талески, за случајот „Транспортер”.

Специјалното јавно обвинителство бараше притвор за Талески, а неговите адвокати слобода, по што и двете странки ја обжалија првичната одлука со која му беше одземен пасошот. По жалбите, кривичниот совет ја соопшти новата одлука куќен притвор за Талевски.

- Advertisements -

Инаку, СЈО ја продолжи истрагата против битолскиот градоначалник, веднаш по повлекувањето на аболициите. Талески е првоосомничен во случајот „Транспортер” во кој ќе одговара за коруптивни тендери со превозот на ученици, со што државата ја оштетил за 360 000 евра.

Поврзани новости