СДСМ: ДПМНЕ бега од решение за Избирачкиот список и медиумите

by fokus

Секогаш кога ќе дојдеме до двете болни теми за ВМРО-ДПМНЕ, а тоа се прочистување на Избирачкиот список, односно 330.000 спорни записи и регулирање на медиумската сфера, во тој момент доаѓа до прекин на преговорите од страна на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ по прекинувањето на преговорите.

-Никола Груевски секогаш бега од редот и законите во оваа држава. Секогаш кога има најмала шанса некои работи да се доведат во законски ред, Никола Груевски бега од таквите средби. Токму на тоа се должи и денешниот прекин. Кога дојде на дневен ред и немаше каде да бегаат и беа стиснати до ѕид, да мора да почне да се разговара и преговара за 330.000 спорни записи во избирачкиот список и за регулацијата на медиумите, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ избегаа од преговорите, рече Петре Шилегов од СДСМ.

Тој заклучи дека ВМРО-ДПМНЕ сака да има избори по негов терк, какви што биле и досега, криминални и крадени.

Поврзани новости