ВМРО-ДПМНЕ: Правото и правдата се на страна на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Правото и правдата се на страна на ВМРО-ДПМНЕ, а Зоран Заев и Катица Јанева еден ден ќе се срамат и ќе сносат одговорност за злоупотребите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ дека Груевски во иднина увид ќе врши единствено во доказите против него.

-СДС не може да се помири со фактот што токму во време на ВМРО-ДПМНЕ се инвестираше во инфраструктурата како никогаш до сега. Се градат 3 автопати во исто време и уште стотици километри локални и регионални патишта.СДС ниту во минатото ниту во иднина ќе имаат капацитет барем приближно да реализираат проекти и инвестиции во патната мрежа. Најдобар показател за нивната работа во ова поле е ветениот, а никогаш не реализиран пат од Велес до Прилеп. Вакви големи лаги СДС ветувал и во минатото, ветува и сега. Единствено народот по кои ги памети СДС се лажните ветувања од кои никогаш, па ни сега нема да има реализација и дела. Со соопштението СДС потврдува дека е едно исто со СЈО и дека Катица Јанева е само слуга на Зоран Заев преку кој се манипулира јавноста и се креираат политички случаи, се вели во реакцијата на опозициската партија.

Поврзани новости