Преговорите за влада продолжуваат и вечерва, влегуваат во завршна фаза

by fokus

Откако се сретна со Зијадин Села, мандатарот Зоран Заев попладнево оствари сред и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Заев по средбата со Ахмети најави дека вечерва во Скопје ќе се сретне со Билал Касами. Тој потврди дека преговорите за составување на нова влада се во завршна фаза и дека ќе продолжат и во текот на ноќта.

-Ги приближуваме сè повеќе ставовите, продолжуваме вечерва со Беса. Важен е квалитетот на луѓето, а уште не сме ги „отвориле“ луѓето. Сè ќе падне во вода ако ги договориме ресорите, а нема квалитетни луѓе, рече Заев.

Поврзани новости