Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција рече дека пратениците на СДСМ вчера гласале за двојазична Македонија.
-Мнозинството на пратеници меѓу кој Пендаровски, Локвенец, Тунтев, Богоевски, Туфегџиќ и останатите од СДС гласаа за двојазична Македонија! Овој закон ниту ќе им го подобри животот на граѓаните ниту пак ќе придонесе за подобар соживот. Туку само ќе ги продлабочи разликите, ќе ја зголеми тензијата и ќе создаде нефункционална држава. Држава во која лекарите ќе мора да функционираат со преведувачи, полицијата која ќе може да се обраќа на граѓаните со јазик кој можеби странките не го познаваат, држава во која ќе се наплаќаат казни доколку не се познава јазикот, и ќе се изложат општините и институциите за дополнителни трошоци. Најважно од се прегазен е Уставот. Оние кој со криминал дојдоа на власт продолжуваат да владеат со криминал, и носат неуставни решенија. Овој закон е дискриминаторски кон македонскиот јазик и останатите јазици кои ги говорат граѓаните во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека ќе дојде до ова и дека целта на СДС и самата цел на нивно доаѓање на власт е редефинирање на државата по повеќе основи, тоа го видовме и со штетниот договор со Бугарија со кој СДС го деградираше македонскиот јазик, за сега со законот за двојазичноста дополнително да го девалвира јазикот и од Република Македонија да направи нефункционална држава, рече Костовски.