ВМРО-ДПМНЕ прашува дали командант Хоџа тргувал со дрога и оружје и учествувал во престрелки?

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ ја повика владата да одговори дали е точно дека Џезаир Шаќири – Хоџа, кој од јули 2001 година е на црната листа на САД потпишана од тогашниот Претседателот Џорџ Буш заради заканата што ја претставувал по безбедноста и заради фундаментализам и екстремизам, добил функција во владата.

-Дали овој Шаќири се уште е на американската црна листа? Дали е точно дека бил вмешан во нападот и убиството на полициски службеник во трговскиот центар Чаирчанка во Скопје? Дали е точно дека службите поседуваат бројни оперативни информации за негова вмешаност во нелегална трговија и шверц на оружје и дрога? Дали е точно и дека во декември 2001 година на Косово, во Витина, било пукано него поради сомнеж дека проневерил пари од фонд на тогашната УЧК? – праша партискиот портпарол Наум Стоилковски.

Стоилковски додаде дека Шакири сам се пофали дека откако Заев победил направил политички договор со него за да го ослободел Танушевци, а за возврат Заев да му дал некаква функција.

Поврзани новости