ВМРО-ДПМНЕ повика на разум

by Фокус

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ повика да се смири ситуацијата и разумно да се однесуваат сите за да не ескалира состојбата. Партијата реагираше на вчерашните немири по убиството на матурантот Анѓел Петковски.

„Ги повикуваме сите политички фактори и политички партии да не ја злоупотребуваат оваа човечка загуба за ситни политички пресметки со неистомислениците. Апелираме до младите луѓе кои овие два дена изразуваат незадоволство и до нивните семејства да дозволат државата да постапува согласно на законите. Секоја активност спротивна на законите ниту помага некому, ниту е праведна, туку само може да ја вовлече државата во сериозни предизвици и да креира големи тензии “, стои во партиското соопштение.

 

Поврзани новости