Тито Петковски: Ѓорче е пример за шовинистичката политика на Груевски и Ахмети

by Фокус

По примерот на Ѓорче Петров македонската јавност може да се увери кон што води националистичката и шовинистичката политика на Никола Груевски и Али Ахмети, демонстрирана за време на предизборната кампања на последните избори во РМ, изјави денеска лидерот на НСДП Тито Петковски.
– Никола Груевски од Македонците бараше 62 мандати за да не го уценува Али Ахмети и да му бара албански јазик, промена на Устав, или некоја од првите три функции во државата, со што практично директно ги провоцираше Албанците.
Другиот пак Али Ахмети, провоцирајќи ги Македонците, од Албанците бараше 25 мандати за да не може Груевски сам да прави Влада. Дури излезе и со една небулозна теза за консензуален Претседател, за да не можат Македонците сами да си изберат Претседател на својата држава – изјави Петковски.

Поврзани новости