-Сакаме да ја потсетиме јавноста на денот кога во Собранието на Република Македонија по партиски список од кадровските комисии на СДСМ беа избрани 617 судии и уште стотина јавни обвинители. Да потсетиме само на Ленче Софрониевска, фамилијата Медарски, мајката на Каролина Астеруд, Дане Илиев, Бранко Наумовски, Лилјана Ингилизова и уште многу други што беа бирани заради тоа што беа сопруги, деца, кумови, родители, бизнис партнери и партиски членови на СДСМ, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод денешната „бомба“, која ја објави СДСМ, во која се гледа како власта ги диригира изборите на судии и обвинители и како се нарачуваат пресуди.
Понатаму во соопштението од владејачката партија се вели дека Зоран Заев бил оптоварен со истражните постапки што се водат против него за криминално и незаконско однесување, па продолжувал да одработува за туѓите интереси и се надевал дека од ова каша во која сам влегол со противзаконски дејства, некој друг ќе го спасувал.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Заев покажувал знаци дека се наоѓа во политички хаос, и бил притиснат од, како што велат, големите најави и чукање во гради од една страна и нереализираните ветувања и ефекти кажани пред неговото членство од другата страна.