Иванов разговараше за прислушувањето со неколку странски претставници

by Фокус

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска се сретна со американскиот амбасадор Џес Бејли, шефот на Делегацијата на Европската унија Аиво Орав, со претставникот на Мисијата на ОБСЕ, Мариан Берц и со шефот на Канцеларијата за врски на НАТО, капетан Румен Радев. Од кабинетот на претседателот информираат дека на средбата се разговарало за актуелната политичка состојба во Македонија, како и за состојбите и очекувањата во врска со членството на земјата во ЕУ и во НАТО.

Иванов истакнал дека ги цени пријателството и соработката со САД, ЕУ, НАТО и ОБСЕ, кои според него, се развиваат во континуитет. Исто така, тој им се заблагодарил за нивната посветеност кон надминување на предизвиците поврзани со актуелната политичка состојба во земјата.

Поврзани новости