ВМРО-ДПМНЕ: Полицаец му впери пиштол на кандидат за градоначалник

by fokus 20:11
20:11

ВМРО-ДПМНЕ вечерва обвини дека полицаец му вперил пиштол на кандидат за градоначалник, без да откријат за кој кандидат станува збор и што точно наводно се случило.

-Со ова се покажа дека СДС ја има киднапирано државата и ги урива сите вредности на демократијата. На кандидат за градоначалник му беше вперен пиштол од полицаец затоа што е од друга политички опција спротивна на СДС. Претходно граѓаните беа малтретирани и автобуси праќани на вонреден технички преглед, со што СДС манифестираше брутално беззаконие. За ова СДС ќе одговара. Ќе дојде ден кога ќе излезат пред очите на правдата. СДС со нивните злоупотреби не може да ја спречи енергијата на народот насочена против нив. Одговорот од народот пристига на 15 октомври, се вели во нејасното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertising -

Поврзани новости