Манчевски: Се обидуваме да им најдеме работно место на оние кои земаа плата без да работат

by fokus

Министерот за администрација и информатичко опшество, Дамјан Манчевски, во интервју за Канал 5 рече дека Владата се обидува да им најде работна позиција на оние 1600 вработени во администрацијата, кои земаа плата без да доаѓаат на работа.

-Притисокот од страна на јавноста придонесе, тие луѓе не сакаат да бидат во оваа позиција. Тие се вработени главно согласно Рамковниот договор. Не се сите од Скопје, тоа е дополнителен проблем. Се обидуваме да им најдеме позиција според нивните квалификации, но и според локацијата. Постои добра волја. Она што е конечно добро е што и од нивна страна има волја да се реши проблемот, рече Манчевски.

Поврзани новости