680
Новата изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ ќе се вика „Нов завет“, откри вечерва од Битола лидерот на партијата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.
-Политиката е динамичен процес, еднаш победувате, друг пат губите. Се разбира ги анализираме грешките во минатото и врз основа на тие грешки носиме заклучоци како да продолжиме во иднината. Мислам дека извлековме поука од грешките што ги правевме во минатото и истите ќе ги коригираме за во иднина, рече Мицкоски.
Што се однесува до информациите дека Република Северна Македонија е најверојатното решение за спорот со името и можниот договор во Преспа, Мицкоски одговори дека Преспа е убав град во Република Македонија.