Интерес за отворање на македонски конзулат на Малта за Македонците кои работат таму

by fokus

Премиерот Зоран Заев на средбта со премиерот на Малта Џозеф Маскут го изрази интересот на Република Македонија  да отвори можност за конзуларни услуги во Валета со цел да им се олесни комуникацијата на големиот број граѓани на Македонија кои работат во Малта.

Владината прес-служба информира дека на средбата одржана во рамки на посетата на премиерот Заев на Малта, пренесен е и ставот на македонската влада доколку после извесен период работата на конзуларното претставништво добие на интензитет, истото да прерасне во генерален конзулат.

По завршувањето на билатералната среба, премиерите Заев и Мускат потпишаа Договор за заемно признавање на дипломите и сертификатите од високото образование меѓу Република Малта и Република Македонија.

Државниот секретар на Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски и неговите колеги Антони Вела од Министерството за образование и Фиона Формоса од Министерството за надворешни работи на Малта, ги потпишаа Рамката за билатерална соработка помеѓу Република Македонија и Малта, како и Меморандум за разбирање за заемна соработка меѓу Медитеранската академија за дипломатски студии при Универзитетот на Малта и Директоратот на дипломатската академија на Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

На билатералнаа средба во Палатата Кастиља двете делегации разговараа за можноста од остварување на подлабока институционална соработка меѓу институциите на двете земји

Поврзани новости