ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека го поддржува барањето на СДСМ за одржување на надзорна расправа во Собранието за пропустите при поплавите.
-Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ е секогаш за дебата во Собранието, затоа поддржува одржување на надзорна расправа за поплавите кои ја погодија Македонија. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, како досега, така и сега поддржува дебата и ќе направи сѐ што е во можност, преку дебата и преку постапки во Собранието да им помогнеме на граѓаните во погодените подрачја, иако сме свесни дека СДСМ, како и на пленарната седница, така и сега единствено што сака да постигне е политички да ја злоупотреби оваа тема, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, СДСМ во недостаток на идеи, програма, кадовски капацитет и низок рејтинг пробува преку поплавата која ја погоди Република Македонија и несреќата која ги снајде граѓаните да прибире евтини дневно-политички поени.