БЕСА: Албанци блиски до опозицијата се најбројни на списокот спорни гласачи

by fokus

Движењето БЕСА го анализирало списокот на спорни гласачи и дошле до заклучок дека спорните гласачи (39.502) не се фиктивни, туку реални, најголемиот број од нив се Албанци и се опозициски настроени.

-Да напоменеме уште еднаш дека без фер, слободни и коректни избори, оваа држава нема никаква иднина. Нашата анализа на овој список покажа дека над 70 % од гласачите на ова листа се Албанци, многумина од нив се блиски роднини на високи функционери на движењето Беса и на други опозициски партии, има голем број на жени, има многу познати имиња на професори, аналитичари, судии, велат од БЕСА.

БЕСА покрена иницијатива до Уставниот суд за уставноста на законот со кој се одобри, дел од граѓаните да се дискриминират и да им се одземе основното право за да избираат и да бидат избрани.

Поврзани новости