ВМРО-ДПМНЕ: Патриотите што лежат во притвор ќе ја истераат правдата, но дамката што ќе им остане ќе биде огромна

by Fokus

„Со месеци десетици македонски патриоти неосновано лежат во притвор. Десетици македонски патриоти се жртва на политички терор и нивните слободи и права се нарушени, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нефункционалноста на правната држава и нарушеноста на владеењето на правото се констатирани и од Комесарот за човекови права при Советот на Европа. Факт кој остана премолчен од властите и правосудните органи. Притворот наместо како мерка претпазливост во овој контруиран случај против овие десетици патриоти се користи како казна и тортура. Без постоење на реални основи луѓето се ставени во притвор и повеќе месеци против нив не се преземани истражни дејствија. Тоа јасно покажува дека овде нема случај, а луѓето се држат во притвор со цел да бидат шиканирани – се наведува во партиското соопштение.

 

 

Поврзани новости