МВР вработува хаус мајстори за плата од 270 евра

by fokus

Министерството за внатрешни работи објави јавен оглас за вработување на пет лица на неопределено време. МВР има потреба од два хаус мајстори во Скопје, два во Куманово и два општи работници во Секторот за внатрешни работи во Скопје.

Кандидатите треба да имаат завршено средбо образование, но не мора да имаат и работно искуство.

Основната нето плата за работните места изнесува 16.560 денари.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови: да е државјанин на Република Македонија; да е полнолетен; да има општа здравствена способност за работното место  и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

Поврзани новости