ВМРО-ДПМНЕ: Патриотите нема да избегаат од државата затоа што нивната љубов кон Македонија е бескрајна

by Fokus

Уривањето на спомениците говори за неспособноста на СДСМ да сработат некој проект и да изградат нешто полезно за граѓаните. Уривањето на спомениците повеќе говори за талибанскиот, деструктивен менталитет на власта, отколку што помага да се прикријат срамните одлуки само дел од неправедно приведените да бидат ослободени од притвор, а да продолжи изживувањето со останатите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Правдата не е целосна се додека не бидат ослободени од затвор сите неправедно приведени патриоти. Правдата не е целосна се додека не бидат укинати и срамните мерки домашен притвор. Правдата не е целосна се додека не се отфрлат конструираните обвиненија. Повеќе од три месеци патриотите се држени во крајно нехумани и нечовечки услови. Патриотите се притворени без да биде исполнет ниту еден услов за таква мерка. Тие ниту сториле терористички акт, ниту може да повторат нешто што не сториле. Тие ниту избегале, ниту имаат намера да избегаат од земјава, затоа што немаат причина и затоа што нивната љубов кон Македонија е бескрајна – се наведува во партиското соопштение.

 

 

Поврзани новости