„Единствена Македонија“: Ако Ќосето е дивоградба, Шилегов можеше да го легализира со 1 евро по м2

by fokus 11:11
11:11

Партијата „Единствена Македонија“ го осуди отстранувањето на споменикот на Андон Јанев Ќосето. Од таму велат дека се изненадени од брзопотезноста на Петре Шилегов.

На изјавата на Шилегов, кој рече дека го отстранил споменикот затоа што било констатирано дека е дивоградба, од партијата порачуваат дека согласно законот на Шилегов му стои на располагање можноста да го легализира за 1 евро по м2.

- Advertisements -

„Изненаденоста и вчудоневиденоста е уште поголема од најавата на Петре Шилегов дека ќе посадува дрво посветено на човековите права од членот 10 од Декларацијата за човекови права за праведно судење, со што сакал да испрати порака дека правдата е непристрасна. Ова од причина што, во услови кога на дело е обидот за завршен удар за обезличувањето и бришењето на македонскиот народ во контекст на спорот за името, Петре Шилегов треба да постави изгравирана плоча и да прати порака восмисла на член 1 од Повелбата на Обединетите нации, член 1 од Универзалнатадекларација за човековите права, член 1 од Меѓународниот пакт за граѓанските иполитичките права и член 1 од Меѓународниот пакт за економските, социјалните и културните права во кои се вели дека сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права и дека сите народи имаат право на почитувањена начелата на рамноправност и самоопределување на народите да го определатсвојот политички статус вклучително и правото на македонскиот народ да го носи името – Република Македонија“, велат од партијата на Јанко Бачев.

Поврзани новости