ВМРО-ДПМНЕ: Оставката на премиерот Груевски зависи од датумот на изборите

by Фокус

Ако изборите не се одржат на договорениот датум на 24 април, тогаш нема да важи ниту договорот од Пржино, изјавил за Телма, директорот на Центарот за комуникации на ВМРО – ДПМНЕ, Иво Котевски. Тој рекол и дека оставката на премиерот Никола Груевски е условена со датумот на изборите.

-Политичката криза во  која ја втурна државата СДСМ треба да заврши а излезот од таа криза се изборите. Датумот е круна на договорот од Пржино и целта зошто е постигнат тој договор  и доколку некој си поигрува со датумот тогаш ја загрозува целта, рекол Котевски за Телма.

 

Поврзани новости