Експлодира плинска боца во Драчево, петнаесетина повредени

by Фокус

Плинска боца експлодирала околу 15 часот во семејна куќа во селото Драчево. Засега нема официјални информации, но неофицијално, две куќи се во пламен, а противпожарните екипи се борат огнот да не ги зафати и околните куќи. Петнаесетина лица се повредни, од кои осум се пренесени во Градската болница.

На местото на настанот има десетина противпожарни возила кои се обидуваат да го стават огнот во контрола, а жителите на околните куќи се евакуирани.

Поврзани новости