Кампот „Табановце“ цела ноќ бил без струја

by Фокус

Транзитниот камп за бегалци кој се наоѓа кај Табановце, изминатата ноќ бил без струја. Причина за тоа бил дефект на далноводот, а струја во кампот дошла дури изутринава.

Од Координативниот центар за справување со бегалската криза известуваат дека откако била саниран дефектот на далноводот, повторно се исклучила склопката, па целиот камп осамнал во мрак до утринава.

Поврзани новости