ВМРО-ДПМНЕ: Османи ја закопа фирмата „Еуровиа“, која вчера тврдеше дека не е донатор на ДУИ

by Fokus

Министерот за надворешни работи Бујар Османи ја закопа фирмата донатор на ДУИ, „Еуровиа“, која вчера тврдеше вика дека не е донатор на владејачката парија, а денес Османи вели дека е донатор, соопшти опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Сега откако признаа дека Еуровиа е донатор и откако видовме дека добила милионски тендер од МНР дали Османи ќе понесе одговорност? Или дали од Еуровиа ќе побараат од Османи да се извини, бидејќи вчера бараа извинувања од медиуми кои ги пренесоа информациите? На очиглед на сите е спрегата помеѓу ДУИ и фирми блиски до нив, кои за државни тендери одлично функционираат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. 

Поврзани новости