ОЈО ја продолжува истрaгата за првоосмничен од предметот „Планина“, организатор на криминална група која продавала дрога

by Fokus

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека ќе ја прдолжи постапката за лицето од скопското село Грчец, кое вчера го уапси полицијата.

Тој во обид да избега, а бил на четирицикл вчера удри во полициско возило. Од МВР вчера информираа дека тој е совладан и лишен од слобода по меѓународна потреница.

„Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по вчерашното лишување од слобода во с. Грчец на првоосомничениот од предметот ‘Планина’ ќе ја продолжи истражната постапка против него.  Тој по наредба на обвинителството се бараше со национална и меѓународна потерница од 2021 година заради постоење на основано сомнение дека како главен организатор сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, предвидено и казниво по член 215 став 3 вв став 1 од Кривичниот Законик“, соопшти ОЈО за ГОКК.

Од Обвинителството велат дека  истражната постапка за предметот „Планина“  е отворена во март 2021 година против 28 лица, од кои и против едно дете во судир со законот над 16 години.

„Се работеше за две криминални групи што се занимавале со неовластена продажба на наркотична дрога беа донесени две Наредби за спроведување на истражна постапка. Во тогаш спроведените акции на територијата на село Грчец и населбата Гази Баба беа лишени од слобода 22 лица, а петмина меѓу кои и првоосомничениот беа во бегство. Во меѓувреме, односно во септември 2021 година и во текот на 2022 година три лица од осомничените лица недостапни на органите на прогонот се лишени од слобода и истражната постапка против нив продолжи“, соопшти ОЈО за ГОКК.

Од Обвинителството велат дека предметните обвинители постигнаа спогодба со 14 обвинети лица за кои судот ги прифати предлог спогодбите.

„Судот донесе пресуди со кои на осум лица им определи казна затвор во траење од по 3 години, на две лица во траење од по 3 години и 6 месеци, три лица се осудени на казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци и едно лице на 5 годишна затворска казна. Врз основа на признание на вина на главна расправа петмина обвинети се осудени на казна затвор и тоа: 1 лице на казна затвор од 3 години и 5 месеци, две лица на казна затвор од 4 години, едно лице на казна затвор од 5 години и едно лице на казна затвор од 6 години. По поднесени жалби на санкции на две лица казните се преиначени и намалени од 6 години на 5 години и од 4 години на 3 години и 6 месеци.
По одржана главна расправа донесени се пресуди за три лица од кои две во постапка пред второстепениот суд се преиначени и тоа од 4 години на 5 години затворска казна и од 3 години и 6 месеци на 6 години, додека пресудата за едно лице осудено на казна затвор во трење од 6 години е потврдена“, соопшти ОЈО за ГОКК.

Од Обвинителството велат дека за едно лице истрагата останува прекината до негово пронаоѓање.  За три лица, како што соопшти Обвинителството, донесена е наредба за запирање на истрага од кои за две предметот е препратен на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство – Скопје, додека на детето во судир со законот му се изречени воспитни мерки во траење од 1 до 5 години.

„Членовите на двете организирани криминални мрежи, продавале наркотична дрога преку препродавачи во Скопје, Гостивар, Тетово, Струмица и други градови по цена која се движела во износ од 4000 до 5000 денари за 1 (еден) грам кокаин и во распон од 12.000 до 15.000 денари за 100 грама марихуана“, соопшти ОЈО за ГОКК.

Поврзани новости