ВМРО-ДПМНЕ одговори на прозивката на СДСМ за референдумот: Одговараме само пред граѓаните!

by fokus

Ниту едно алиби соопштение на СДСМ нема да го покријат или оправдаат капитулантското дело на Зоран Заев изразено преку штетниот договор со Грција. ВМРО-ДПМНЕ единствено одговара пред граѓаните на Република Македонија и се води согласно нивните интереси“ одговараат од ВМРО-ДПМНЕ на денешните прозивки од владејачката СДСМ.

„СДСМ и Зоран Заев треба да знаат дека ВМРО-ДПМНЕ нема да биде изговор за втурнувањето на државата во ќорсокакот во кој сега се наоѓаме како земја и за економската и општествена катастрофа во која се наоѓаме. Совршено јасно е дека Зоран Заев не може да донесе европска иднина на државата, затоа што европска иднина нема со криминал корупција наместени тендери, политички процеси“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму со став дека „Нема иднина со корупција констатирана од ЕУ и мултиплицирана сиромаштија. Единствено што направи оваа клептоманска владејачка структура е осиромашување на државата и народот и поигрување со достоинството и честа на граѓаните“.

Поврзани новости