ВМРО-ДПМНЕ: Од првиот месец кога дојде на власт, СДСМ државата ја задолжи со 60 милиони евра

by Fokus 11:08
11:08

Секој ден, до крајот на годината, кога граѓаните на Република Македонија ќе се разбудат државата ќе биде задолжена за нови 1,2 милиони евра повеќе од планираното, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Антиреформската влада на СДС со предложениот ребаланс на буџетот го зголемува задолжувањето на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. СДС, Драган Тевдовски и Зоран Заев со месеци наназад зборуваа за својата загриженост дека Македонија е презадолжена, а сега, откако дојдоа на власт, предлагаат ребаланс на буџет во кој предвидуваат поголемо задолжување на државата до крајот на годината за 150 милиони евра. Уште во првиот месец откако дојдоа на власт ја задолжија државата со 60 милиони евра – се наведува во партиското соопштение.

- Advertisements -

Од таму велат дека владата на СДС планира наместо 17,8 милијарди денари да се задолжи за 20,7 милијарди денари, тоа се нови 48,3 милиони евра долг кон домашните доверители.

„Во ставката задолжување кон странство владата на СДС планира наместо 12,3 милијарди денари, да ги задолжи граѓаните со 18,4 милијарди денари. Со ова планираат да нè задолжат со дополнителни 100 милиони евра повеќе кон странски доверители. СДС ги лажеше граѓаните на Република Македонија. Ветуваа дека нема да се задолжуваат, а сега со ребалансот најавуваат дека за само 5 месеци ќе го зголемат планираното задолжување за речиси 150 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости