Дескоска: Наместо за подобрување на студентскиот стандард, парите мора да ги трошиме на подмирување долгови

by fokus

„Наместо да се вложува во подобри услови и подобар студентски стандард, најголем дел од средствата со кои располагаме треба да се користат за сервисирање на долговите кои се таложеле десетина години“, вели во изјава за Плусинфо министерката за образование и наука, Рената Дескоска.

Таа додава дека е свесна во каква состојба се наоѓаат студентските домови и дека таму студентите живеат во нехумани услови кои не треба да се премолчуваат и негирааат.

„Аплицирањето за сместување во државните студентски домови е во тек, начинот на распределба на студентските легла и условите, како што веќе објавивме, се исти од минатата година. Сместување годинава има за 5.498 студенти, а најмногу од нив (околу четири илјади) се во Скопје. Во најголемиот студентски дом „Гоце Делчев“ и годинава ќе функционираат само два од четири блока. Реконструкцијата на блоковите „В“ и „Г“ се одвива со завабена динамика“, потенцира Дескоска.

„Имено, од страна на Студенски центар, се уште не е спроведена постапка за отпис на демонтираните материјали. Проблем е носењето на новите градежни материјали за реконструкцијата, бидејки нема простор да се донесат блиску до објектите“, вели министерката, посочувајќи дека се работи на отстранување на пречките кои ја забавуваат реконструкцијата

Поврзани новости