ВМРО-ДПМНЕ е партија која секојневно се грижи за потребите на граѓаните на Република Македонија и напорно работи за да се подобри стандардот, а доказ за тоа се бројните мерки и реформи што ги има реализирано, се вели во утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
-ВМРО-ДПМНЕ мораше да работи напорно за да се намалат штетите од лошото и катастрофално владеење на СДС кои кога беа на власт оставија 200.000 луѓе без работа и затворија 684 фабрики со криминалната приватизација. Во време на СДС невработеноста достигна рекордни 38 отсто, но Владата на ВМРО-ДПМНЕ со реални проекти невработеноста ја намали на најниско ниво од 23,1 осто. Сето ова ВМРО-ДПМНЕ го постигнува со заложбата да привлече што е можно повеќе странски инвестиции, додека СДС ги затвораше фабриките, се вели во соопштението на ДПМНЕ.