ВМРО-ДПМНЕ: Ние правевме, вие уривате

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ реагираше денеска на првите потези на новата влада со порака дека кога тие дошле на власт почнале со отпишување на долговите, додека СДСМ почнал со уривање ограда.

„Владата на Заев не губи време да го оправда епитетот антиреформска. Уривање на оградата околу владината зграда и укинување на програмата ‘Кембриџ’ се приоритетите на Зоран Заев и неговиот тим.Нема нови проекти, нема подобрувања, нема нова додадена вредност за граѓаните’“, стои во соопштението на оваа партија.

Според нив, граѓаните не сакаат деструкција, блокади и поништување на проектите туку очекуваат СДСМ да го исполни ветеното, да не ја реализира Тиранската платформа, да изгради 500 километри автопат, да даде  минимална плата од 16.000 денари, просечна од 30.000 денари, а на лекарите  100.000 денари, зашто тоа го ветиле.

Поврзани новости