Тодоров последниот ден како заменик премиер доделил две службени возила на Груевски

by fokus

Поранешниот заменик претседател на Владата, Никола Тодоров неколку часа пред изборот на новата реформска влада на СДСМ донел одлука екс премерот Никола Груевски да користи две службени возила „Волксваген Пасат 3Ц“, објави порталот А1он.

Одлуката е објавена и во Службен весник на први јуни, кога започна со работа новоизбраната влада.

Одлуката е донесена специјално за Никола Груевски кој откако ќе му престане функцијата со оваа одлука е единствен кој ќе може да ја користи привилегијата.

Освен овие возила, Никола Груевски ќе користи и лично обезбедување од шест лица и возач уште цела декада, колку што бил премиер.

 

Поврзани новости