Додека народот нема за леб во услови на корона криза, власта троши милиони на нови возила, колачи и финансирање на своите фирми, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение.
-Радмила Шекеринска набавува колачи и вафли за 3,5 милиони денари. Оваа неспособна и мафијашка влада на Заев продолжува расипнички да ги троши парите. Затоа во Македонија 40 илјади луѓе останаа без работа, а истовремено Владата, преку Министерството за одбрана, објавува оглас на 28.08.2020 за индустриски кекси, колачи и разни вафли во висина од 3,5 милиони денари.
-Без срам мафијашката влас на Заев го осиромашува народот за сметка на својот луксуз и лично богатење. Ја поскапеа струјата за 7,5 отсто, воведоа второ поскапување на акцизата на горивата од 3 денари по литар, трошат рекорден буџет кој се собира од народот и ја задолжија државата за дополнителни 1 милијарда евра за само три месеци, а стандардот на граѓаните вртоглаво паѓа, пишува во соопштението.
Според партијата, економијата се гуши во неликвидност, а власта троши 8,1 милион евра на возила, финансиска помош, грантови и субвенции на фирмите на владините функционери и десетици други скандалозни.
-Мандатот го дава народот, но мандатот народот и го зема. Заев доби мандат да ги решава, а не да ги создава проблемите, се додава во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.