По одлуката на Управниот суд за прегласување на едно избирачко место во Теарце, Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција рече дека нивната партија останува на ставот од прогласот дека нема да учествува во прегласување.
-СДСМ и нивните налогодавачи срамно продолжуваат со обидот за кражба на кристално чистата победа на ВМРО-ДПМНЕ на последните избори. Судиите од Управниот суд кои гласаа за уважување на тужбата на СДСМ донесоа противправна одлука водена од политички мотиви. И во тој контекст ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот искажан во прогласот на Извршниот комитет на партијата од саботата, рече Тодоров на прес конференција на која присуствуваа само провладините медиуми.
Тој обвини дека има сценариото за кражба на изборната победа, а тоа ги правело да бидат поцврсти, поодлучни и поединствени во нивната намера да ја одбранеле демократијата, затоа што биле на страната на народот, правдата, правото и вистината.