На 25 декември ќе се прегласува во Теарце

by fokus

Државната изборна комисија (ДИК) во текот на денот ќе одржи седница на која ќе треба да се донесе заклучок за повторување на гласањето на избирачкото место 2011 во Теарце, откако Управниот суд вчера ја објави пресудата со која ја уважи тужбата на СДСМ и реши гласањето на избирачкото место 2011 да се поништи. Гласањето ќе се одржи на 25 декември, на гласачкото место 2011 во Теарце.

Прегласувањето би можело да го смени целокупниот изборен резултат.

На гласачкото место 2011 запишани се 714 гласачи. Разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Избирачката единица 6 е 307 гласа.

За ВМРО-ДПМНЕ гласале 91 гласач, а за СДСМ 87. Излезноста беше 56,58 отсто.

Во целата Изборна единица 6 за ВМРО-ДПМНЕ гласале 26.135 гласачи, а за СДСМ 25.828.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на 17 декември пред зградата на ДИК рече дека партијата нема да ги признае резултатите од прегласувањето ако ѝ се одземе победата.

Поврзани новости