По трет пат одложено судењето на Павле Богоевски

by fokus

Во Кривичниот суд денеска се одложи и третото судско рочиште против кандидатот за пратеник на СДСМ, Павле Богоевски. Неговиот адвокат, Сашо Дуковски, од личини причини не беше присутен на рочиштето, што беше и причина за одлагањето.

Денеска, на покана на судот, за првпат се појави и претставник од државното правобранителство, а вторпат се појави и претставник од Министерството за култура кој треба да се произнесе за настанатата штета.

Богоевски се товари за нанесување штета на фасадата на Министерството за култура за време на протестите од шарената револуција. Претходното рочиште се одложи на барање на одбраната, за да го разгледа вештачењето за штетата. Судскиот процес против Богоевски ќе продолжи на 30-ти јануари следната година.

Поврзани новости