Откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев го повика претседателот Ѓорге Иванов да му го додели мандатот за состав на влада, со реакција се огласија од ВМРО-ДПМНЕ.
-Република Македонија нема да биде водена од аболициран криминалец, ниту ќе добие просоросова Влада.
Зоран Заев ќе остане запаметен во историјата како политичар кој ги газел и игнорирал Уставот и законите на Република Македонија. Единствено што знае еден аболициран криминалец е да лаже и манипулира, а не да ги толкува Уставот и законите.
Политичката кариера на аболицираниот Зоран Заев заврши на 11-ти декември. Најгласната порака што ја испратија граѓаните е дека тој мора да одговара и за барањето поткуп, и за велепредавство и за сите криминални тендери за кои се врзува неговото име- се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.