Откако Радмила Шеќеринска од СДСМ јавно ги повика сите професионалци од областа на медиумите сами да се пријават за уредник на МРТВ, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.
Владејачката партија, ја обвини Шеќеринска дека манипулирала, бидејќи како што тврдат, во преговорите инсистирала во име на партијата во МТВ тие да предложат свое кадровско решение.
– СДСМ/Сорос немаат никакви аргументи зошто треба да биде сменет актуелниот уредник и зошто треба да биде предложено некое партиско решение, освен потребата на аболицираниот криминалец Заев да се обиде да инсталира послушници и во медиумите кои не му се под контрола. Граѓаните веќе ги прочитаа сите лаги и манипулации на Заев и СДСМ. На граѓаните на Република Македонија им е доста од играриите на СДСМ и одржувањето на состојбата на криза во земјата, поради неспособноста преку програма, идеи и проекти да ја добијат довербата од народот, стои во реакцијата.