МЗШВ: Буџетот од ИПАРД 2 можеби е помал од ИПАРД 1, но тоа не значи дека е намален

by fokus

Средствата за ИПАРД 2 не се намалени во однос на ИПАРД 1, реагираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Сепак, велат дека парите од ИПАРД 2 се помалку во однос на ИПАРД 1, но тоа било поради различниот систем на одобрување.

-Буџетот за ИПАРД 2 е можеби помал во однос на оној за ИПАРД 1, но тоа не значи дека е намален зашто сега, со претстојната програма, се планираат структурни проекти за што се одобрени дополнителни средства, рече раководителот на Секторот за ИПАРД во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Билјана Костовска.

Таа објасни дека Парите од ИПАРД 1, кој беше проектиран на 85 милиони евра за периодот 2007 – 2013 година, се доделуваа година за година, а сега, со ИПАРД 2, рече Костовска, се одобруваат одеднаш и додаде дека Ако се увиди дека добро ги искористуваме, постои можност да добиеме дополнителни средства.

 

Поврзани новости